Достапни линкови

Вашингтон: Честитка од претседателот Буш по повод Илинден


Американскиот Претседател Џорџ Буш на Претседателот Бранко Црвенковски и на граѓаните на Република Македонија им го честита националниот празник
2 август-Илинден, Денот на Републиката.
Како суверена држава, Република Македонија, се вели во честитката, покажа впечатлива решителност на полето на изградбата на институциите и Буш е уверен дека земјата ќе продолжи да се движи кон мирна и успешна иднина, Соединетите Држави, воедно изразуваат благодарност за македонскиот придонес кон воспоставувањето на слободата и демократијата во светот и остануваат посветени подржувачи на Македонија при нејзиното настојување да ги оствари своите евро-атлантски стремежи.
XS
SM
MD
LG