Достапни линкови

Македонија треба и во иднина да реагира во случај на проблеми со името во странските мисии


Неопходните предуслови за спреводеување на реформите во областа н одбраната согласно стандардите на НАТО, проблемите при нивното имплеметирање и учеството на македонските војници во мегународните мисии се темите за дискусија на денешната седница на Советот за безбедност која ја свика претседателот Бранко Црвенсковки. Од неговиот кабинет не соопштуваат детали туку велат дека се работи за тековна седница. Во меѓувреме кодот МКД кој на униформите го носат нашите војници во странските мисии два пати предизвика проблеми. Имено во мисијата на Евроспката Унија АЛТЕА во Босна беше побарано ознаките да се сменат поради противењето на Грзија а на вежбата на НАТО во Франција истото беше побарано и од двајца македонси офицери на што реагираше министервтото за одбрана. На овие два како што вели Претседателот на Балканскиот форум за безбеднсот Благоја Марковски многу сериозни инциденти Македонија изреагира добро со барањето на образложени и испракањето на протесни ноти

„На тој начин ние и во иднина треба да реагираме. Јас не мислам дека ние треба да ги намалиме мисиите. Тие треба да бидат во согласност со потребите на Република Македонија, за нејзина афирмација и нејзино учење. Но, треба да постапуваме како и до сега, да испраќаме протестни ноти, а ако тоа не вроди со плод тогаш и да размислуваме за повлекување.“

Во однос пак на преостанатите реформи согласно стандардите на НАТО за кои денеска се дикуртира Марковски вели дека тоа е спротивно од досегашните изјави на преставници на надлежните институции дека земјава ги постигнала сите НАТО стандарди. Според него сега треба да се работи на зајакнување на одбраната на Македонија на внатрешен план

„АРМ не се подготвува само за учество во НАТО мисиите, туку треба пред се да се подготвува за внатрешните потреби на Република Македонија. Учеството во меѓународните мисии значат афирмација во меѓународниот безбедносен сектор, но тие треба да дадат тежиште на внатрешната употреба.“

Инаку земјава има испратено свои војници во мисиите во Ирак, Авганситан, Босна и Херцеговина.
XS
SM
MD
LG