Достапни линкови

Опозицијата останува надвор од ЗЕЛС и парламентот


По излегувањето од парламентот опозицијата сеуште нема планови за натамошното дејствување. Според Роза Топузовска Каровска од ЛДП,опозицијата ќе изгради став по враќањето на парламентарното мнозинство од одмор.

„Планот е дека сме надвор. Нашиот план е остануваме надвор, со оглед на тоа дека има уште една седница на парламентот колку што сум запозната и потоа парламентарното мнозинство оди на одмор. Ние во тие 18 дена додека се на одмор ќе можеме да донесеме одлука на највисоко партиско ниво. Но, и понатаму ќе продолжиме да делуваме преку пресови, трибини итн.“

Во однос пак на одлуката да излезат и од Заедницата на единици на локалната самоуправа опозиционите герадоначалници сметаат дека од овој потег негативните последици ќе ги почуствува самата заедница. Градоначаникот на Кочани од редовите на СДСМ Љубомир Јанев вели дека одлуките кои што во меѓувреме ке ги носи ЗЕЛС нема да имаат легитимитет бидејки во нив нема да учествуваат повеќе од 30 градоначалници.

„ЗЕЛС како политика да води и да треба да се применува кај сите општини, всушност нема да се применува. Одлуките на УО треба да бидат применети во сите општини подеднакво за да се усогласи работењето на сите општини.“

Од ова во крајна линија како што вели градоначалникот на Охрид Александар Петревски ќе страдаат самите граѓани бидејки тие нема да бидат во можност да реализираат крупни проекти.

„Значи, онаа практика која се воспостави во Струмица со пазарот, требаше како практика да ни служи на сите. За тоа тој добива од Советот на Европа на награда, а од власта притвор. Тоа требаше да ни служи нас како пример. Во Охрид паазарот е комплетно подготвен, но како јас тоа да го направам? Кога, како и да го направам, централната власт може да ми рече дека не требало така и да ме притвори.“

Инаку по приведувањето на првиот човек на Струмица Зоран Заев општинските работници одлучија да стапат во штрајк заедно со локалното комунално претпријатие.
XS
SM
MD
LG