Достапни линкови

Владата само декларативно се залага за намалување на инфлацијата, а со потезите директно ја подгрева


Да го намали трговскиот дефицит и поуспешно да ја контролира инфлацијата се сеуште оценки кои не ја одминуваат македонската економија како што е и последната која ја изрече шефот на мисијата на меѓунардниот монетарен фонд Марк Грифитс при последната посета на Македонија. И покрај владините информации дека се преземаат сите мерки кои и стојат на располагање за да се намалат овие проблеми. Професорот Абдулменаф Беџети сепак не гледа дека освен декларативни ваквте мерки имаат и суштински импликации во правец на подобрување на бројките. Напротив одредени потези смета дека одат во сесема спротивна насока.

„Владата дури ја поттикнува и загрева инфлацијата. Прави ребаланс за зголемување на непотребна потрошувачка, тоа е директно влијание за зголемување на инфлацијата. 260 милиони нови евра да се потроши во фискалната година, ако ја гледате структурата на потрошувачката, таа е непродуктивна и со тоа ја зголемува инфлацијата.“

Критикува Беџети кој наместо тоа во насока на намалување на инфлацијата препорачува порестриктивни фискални политики, намалување на потрошувалката па и намалување на трговскиот дефицит кој во првата половина од годинава ја надмина бројката од една милијарда долари. На страната на увозот токму доминираат суровата нафта, струјата и автомобилите. И тука проблемот е структурален, посочува професор Беџети. Во него би требало да се интервенира со редица поврзани и долгорочни мерки. Ако како што посочија од ММФ при последната посета на Македонија еден од клучните проблеми е огромниот увоз на на еклектричната енергија, тогаш на овој сектор му требаат големи реформи. Треба да се подбри понудата, да се создадат можности за нови инвестиции и тоа што се увезува да се произведува дома, вели Беџети.

„Владата треба да прави правилни реформи за да ги поттикне инвестициите, а не селективни.“

Домашното производство мора да стане поконкурентно и на домашниот и на странскиот пазар, особено во делот на услугите и добрата кои ги увезувеме. Зголемување на продуктивноста, намалување на цените тоа се комплекснин прашања кои бараат голем број политики на владата кои Беџети не препознава дека се преземаат. Ѓорѓи Тренев, директор на еден од најголемите домашни производители на вино Бовин вели дека домашното производство не е моќно да и се спротивстави на конкуренцијата од надвор и дека кон таа цел би го приближиле само поактивни мерки од страна на производителите и до страна на владата.

„Се увезува се и сешто. Нашето стопанство не е подготвено за конкуренција. Ние немаме широк асортиман на производи, а тие не се конкурентни ниту на домашниот пазар, па затоа и се јавува дефицит,“

вели Тренев.
XS
SM
MD
LG