Достапни линкови

logo-print

Белград: Повеќе од 40 повредени во инциденти по митингот во знак на поддршка на Караџиќ


Повеќе од 40 лица се повредени во инцидентите што настанаа по митингот одржан во центарот на Белград во знак на поддршка на Радован Караџиќ, во организација на Српската радикална партија. Меѓу повредените има демонстранти, полицајци и неколку новинари. Генералниот секретар на радикалите Александар Вучиќ го обвини српскиот претседател Борис Тадиќ дека пратил на митингот провокатори кои ги предизвикале инцидентите. Претходно на собирот било порачано дека Србија е посилна од предавничката власт која го уапсила најголемиот жив Србин Радован Караџиќ. Прочитана е и порака на лидерот на радикалите Воислав Шешељ од затворот во Хаг, кој ги повикал преостанатите обвинети Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ да не се предаваат.
XS
SM
MD
LG