Достапни линкови

logo-print

Хаг: Радован Караџиќ испорачан на Трибуналот во Хаг


Поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ, кој е обвинет од Хашкиот Трибунал за воени злосторства, во текот на ноќта му е испорачан на судот, јавуваат српските медиуми. Одлуката за испорачување ја потпишала министерката за правда на Србија Снежана Маловиќ. Караџиќ беше уапсен на 21 овој месец во околината на Белград, со лажен идентитет на доктор и духовен исцелител.
XS
SM
MD
LG