Достапни линкови

logo-print

Колку интеграцијата во НАТО и ЕУ е приоритет на новата влада?


Интеграцијата во НАТО и во Европската Унија во експозето премиерот Грувески ги спомена како приоритет по економските теми, а ја потенцираше и можноста Грција да ги блокира овие цели на долг рок. Во случај на затворени врати како што рече премиерот владата ке продолжи да работи на стабилноста, еконосмкиот и демократскиот развој. Новиот вицепремиер за европски интеграции Ивица Боцесвки пак претпладнево не одговори за начинот на кој што сега ке ја остврауватме имтеграција а својата прва изјава од новата функција ја најави за вечер по средбата со евроамбасадорот во земјава Фуере. Во меѓувреме дел од аналитичарите оценуваат дека повеке од деценија стариот приоритит на земјава евроатланските интеграции сега паѓа во втор план. Според аналитичарот Осман Кадриу менувањето на приритети се гледа и во изјавите и оценките на преставниците на мегународната заедница кои постојано напоменуваат дека за да се остварат нашите државни цели приоритно е да се реши проблемот со името со Грција.Парално со тоа додава Кадруи македонската влада смета дека не треба да се прифати дијалог по секоја цена и дека може да опстоиме и сами:

„Тука и јас имам одредена резерва, размислување, дека можеби и подобро ќе биде за Македонија поинаку да се размислува. Сите овие случувања имаат влијание, и странските инвеститори се во дилема, дали да инвестираат, има ли стабилност, гаранција?“

Интеграциите одамна не се на листата на приотитет на оваа владеачка гарнитура е ставот на аналитичарот Ѓунер Исмаил:

„Ние дефинитивно и неотповикливо тонеме на листата на приоритетите и на НАТО и на ЕУ, односно и нашите приоритети така се измесуваат. Во Букурешт само се верифицира тоа што можеби ние не го гледаме, но се гледа, и тоа ни го кажаа јасно и недвосмислено. Резултатот на Букурешт е всушност опис на тоа што владеачката македонска политичка елита мисли за НАТО и европските интеграции,“

објаснува Исмаил.
XS
SM
MD
LG