Достапни линкови

logo-print

Повик до опозицијата да не ја бојкотира седницата


Надградената и проширена ,,Преродба во сто чекори” е новата владина програма која старо новиот премир Груевски ќе ја презентира на утрешната собраниска седница, на која ќе се гласа за новиот владин кабинет. Меѓу стратешките приоритети кои владеачката партија веќе ги најави се интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, решавање на спорот со името со соседна Грција врз принципот на незагрозување на националниот идентите, и почит и подеднакво спроведување на законот, како и имплементација на Охридскиот договор. Во програмата нема детали околу спроведувањето на Охридскиот договор, а остана нејасно и што е договорено во врска со законот за употреба на јазиците и ресоцијализацијата на
жртвите од конфликтот во 2001 година. Економската програма останува амбициозна, 6 до 8 проценти економски раст, намалување на придонесите, намалување на невработеноста, подобрување на бизнис климата, зголемување на странските инвестиции. Предвидени се повеќе енергетски проекти, изградба на коридорите 8 и 10, реконструкција на патишта, модернизација на железничкиот сообраќај. Коалиционите партнери ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, барем на почетокот покажаа некаква усогласеност, која споре аналитичарите го остава неизвесно прашањето на нејзината ефикасност:

,,Барем за сега, имаме усогласеност меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за одредени прашања коишто се битни и коишто може да бидат конфликтни. Понатаму ќе видиме дали таа усогласеност ќе резултира со решение.”

,,Мислам дека власта ќе има поголем легитимитет, и нема да има проблеми затоа што е претставена и една албанска партија која претставува мнозинство. Но, колку ќе биде ефикасна, јас би посакувал да е што поефикасна, но тоа останува да се види.”


велат аналитичарите Жидас Даскаловски и Мерсел Биљали.

Тие сепак се загрижени околу отсуството на опозицијата од утрешната седница

,,Избирање влада без опозиција е лош имиџ на државата. Еден од реперите, осумте, 9 или 10 е дијалогот меѓу политичките партии.”

Од ДУИ пак, го повторуваат апелот до опозицијата:

,,Опозицијата да се врати во парламентот, затоа што местото им е таму и треба да ја играат својата улога како коректор на власта.”
XS
SM
MD
LG