Достапни линкови

Белград: Караџиќ во Хаг идната недела?


Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ се очекува да му биде предаден на Хашкиот Трибунал следната недела, се јавува од Белград. Тој бил уапсен благодарение на откритијата што ги дал поранешниот генерал Ратко Младиќ, командант на војската на Република Српска, во настојување да се испазари за себе, доколку им се предаде на властите. Ова го пишува Дејли телеграф повикувајки се на извори во германската разузнавачка служба БНД. Според сознанијата што на лондонскиот весник Младиќ преговарал за условите под кои би се предал, при што, дал информација за тоа каде е и како изгледа сега Караџиќ.
XS
SM
MD
LG