Достапни линкови

logo-print

Има ли волја за решавање на спорот со името и евро атланстска интеграција?


Писмото на премиерот Грусвеки во кое тој од Жозе Мануел Баросо побара Брисел да влијае на Атина да го почитува македонското малцинство сеуште е во Европската комисија каде што според нејзиниот портпарол се утврдува дали наведените паршања се во надлежност на Евроспката Унија. И додека одговорот се одложува дел од домашните аналитичари се со различни ставови за овие потези на премирот.Според поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле треба да се отвори прашањето за протераните Македонци и малцинството кое што живее во Грција но не во контекст на преговорите за името туку како одвоен парарален процес. Треба да се направи сериозна анализа за институциите и начинот на кој што треба да се обратиме до нив и доколку тоа го правиме на подолг рок додава Чашуле тогаш може и да ги зацврстиме позициите на мегународен план. Тој смета дека сето ова не не оддалечува од решавање на спорот

„Ние сме далеку од две причини. Грчкиот отпор, во чијашто подлога лежат имотите и името и второто слабите перформанси дома. Немојте да бараме во нешто што не е така, изговор за нашето заостанување. Заостанувањето е последица на внатрешните проблеми, отсуството на политички дијалог и неостварување на осумте услови од тие што Унијата ни ги даде.“

За разлика од Чашуле аналитичарот Ризван Сулејмани вели дека дефинитивно процесот на преговори се закочува а со тоа и нашето евроатланско интегрирање. Неговиот впечаток е дека нема волја да се реши проблемот со името туку напротив како што вели да се мултиплицира. И начинот и периодот за отварање на пробелмите со македонскто малцинство според Сулејмани не се добро избрани

„Не мораше ова прашање да се отвори со овој интензитет на 60 годишнината, можеше и на 70 години, ама тогаш Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ.“

вели Сулејмани и додава дека Македонија нема доволно добра меѓународна позиција за да успее да ја прикаже Грција како недемократска и некоструктивна

„Во таа смисла, да се оцрни Грција како членка на ЕУ, дека не ги почитува правата, на индиректен начин се оцрнува и ЕУ и НАТО. И во една таква смисла, Македонија против Грција, фактички Македонија против ЕУ и НАТО мислам дека Македонија нема шанси да ја добие.“
XS
SM
MD
LG