Достапни линкови

logo-print

Почнаа подготовките пред стартот на квалификациите за ЕП догодина


По 4 годишна пауза, од квалификациите за Еуро 2005 година, на меѓународната сцена се враќа и македонската женска кошаркарска репрезентација. Национален тим кој падна во заборав од неактивноста, но уште повеќе од серијата порази која трае од победата над Австрија пред 9 години. Факти кои најдобро говорат за падот на овој наш спорт, кој сега почнува од нула, т.е. од квалификациите за ЕП догодина, но во дивизија Б, каде со Шведска, Естонија, Португалија и Луксембург сме во првата од двете групи. Ривали за кои ќе имаме 45 дневни подготовки кои минатата недела почнаа во Скопје, а сега се одвиваат во Крушево. Почетни, но доволни чекори за први позитивни впечатоци.

„Почнуваме од нула, но имаме извонредна атмосфера во екипата, се работи максимално, така што се надевам дека ќе покажеме добра игра и позитивни резултати.“

изјависелекторот Видое Секуловски. Според нив, поконкретно за можностите на овој нов тим ќе може да се говори идниот месец, по контролните средби. Прво два на турнир во Грција, па двомечот со Црна Гора, за дуелите со Србија да бидат финален тест за стартниот квалификациски меч со Естонија, на 27 август. Сепак, и пред тие воигрувања, целта е позната.

„Ќе се трудиме да дадеме максимум од себе, наша цел е второ место, во најмала рака,“

јасен е Секуловски, како и делумно порезервираната Гавриловска.

„Имаме минимални информации за противниците. Во секој дуел треба да влеземе претпазливо.“

Инаку, според календарот на натпревари, до 10 септември ќе ги одиграме првите средби со ривалите, а реваншите се догодина. Потоа, првопласираните од двете групи ќе вкрстат во 1/2 финале, а финалистите ќе се пласираат во квалификациите за ЕП 2011 година.
XS
SM
MD
LG