Достапни линкови

Условување, а не понуда


Претстaвниците од пратеничкатата група на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека прифаќањето на барањето на опозиција за писмен договор со власта како услов да се вратат во Собрането би претствувало притисок врз судството. Во образложението на барањето на колицијата „Сонце“ за нов собраниски деловник и почитување на презумпцијата на невинсот, откако претходно беше донесена одлука да се бојкотира Собарнието, Силвана Бонева вели дека тоа претствува условување, а не понуда:

„Не можеме да ги прифатиме уцените на СДСМ. Немаме намера да се солидаризираме со нивниот притисок врз судството за неселективна битка против корупцијата и криминалот.“

Во ДУИ која вчера ја повика опозицијата да го прекине бојкотот. Денеска на координација на пртеничката група разговараат на оваа тема изјави координаторот на пратеничката група Тахир Хани:

„Ниту една пратеничка група не посакува опозицијата да биде надвор. Но, дали сме во можност да ги исполниме барањата на опозицијата, тоа е тема на којашто треба да се дебатира.“

Во СДСМ изјавија дека мора да има сиситем што ке се овозможи да се слушне поинакво мислење во собрането за што треба да се промени деловникот како и да се ревидира регулативата з а притаврањата и за функцинирње на првнаат држва Поарди ова СДСМ го напушти Собарнето. Идејата за договор со власта како услов опозицијата да го прекине бојкотот ја иницираше Стојан Андов од Либералната партија. Анлитичарот Алберт Муслиу смета дека идејата за Договор мегу власта и опозицијата е дел од дијалогот и демокртската култура и во таа смилса дека е добро да се најде решение

„ВО секој случај да се формулираат само еден или два проблема, тоа значи дека ако се јави трет проблем, пак ќе има напуштање. Опозицијата можеби најде начин низ овие две точки да го артикулира своето незадоволство.“

СДСМ вчера нагласи дека деловникот е донесен без консензус при што ВМРО ДПМНЕ не ја конуслтирала ниту ДУИ. За Барањето нов собраниски деловник Муслиу вели

„Сигурно ќе имаат поддршка и од ДПА, како и некои пратеници од ДУИ. Како тоа технички може да се изведе, тоа е друга работа.“

Што се однесува на барњето да се почитува пресумпцијата на невиност Муслиу вели дека тоа е правило на секоја држава која претендира да биде европска, но прашува како оваа точка би се дефинирала во договорот, односно дали тоа не би значело влијание врз судството.
XS
SM
MD
LG