Достапни линкови

Техеран: Иран нема да отстапи ниту педа во разговорите за нуклеарната програма


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, во синоќешното телевизиско обраќање, изјави дека неговата земја нема да отстапи ни педа во разговорите за својата нуклеарна програма. Во саботата шестте светски сили му дадоа на Техеран рок од две недели за да одговори на барањата за запирање на нуклеарната програма или ќе се соочи со поцврсти санкции.
Големи протести се најавени низ Србија поради апсењето на Радован Караџиќ. На вчерашните демонстрации во Белград имаше инциденти и судири со полицијата. ,,Се надевам дека во следните денови ќе организираме големи протести “, изјави генералниот секретар на радикалите Александар Вучиќ кој учествуваше на вчерашниот протест.
XS
SM
MD
LG