Достапни линкови

logo-print

Техеран: Иран се соочува со дополнителни санкции ако не го испочитува крајниот рок за извештај


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Иран се соочува со дополнителни санкции доколку не го испочитува крајниот рок за извештај за нуклеарните активности. Според Рајс, Иран користи тактика на одолговлекување, но дека за 2 недели ке мора да одговори на понудата за запирање на процесот на збогатување на ураниумот. Рајс ова го изјави пред патот кон Абу Даби каде потсекретарот Вилијам Барнс ке ја брифира за нуклеарните разговори во Женева на кои со преставници на Иран надвор од досегашната практика присуствуваа и Соединетите држави.
XS
SM
MD
LG