Достапни линкови

Можност за потврда на американската поддршка за Косово


Денешниот прием во Белата Куќа на Претседателот и Премиерот на Косово, Фатмир Сеидуи и Хашим Тачи, е можност Американскиот претседател Џорџ Буш да ја потврди подршката за Косово како демократска и мултиетничка држава. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс претходно ги поздрави напорите на Косовоската влада за одржување на мирот на Косово по прогласувањето независност на 17 Февруари.

Станува збор за прв официјален прием на косовското раководство кај Претседателот Џорџ Буш и државниот секретар Кондолиза Рајс по прогласување на независноста во Фебруари годинава и токму затоа на оваа посета се гледа со многу симболика, но и како натамошен импулс за признавање на независноста на Косово. Имено, досега над 40 држави го признаа Косово, мегу кои најголемиот дел на земјите на Европската Унија, Советот за Безбедност. Од друга страна Србија со силна руска подршка и натаму е противник на косовската независнот.

„Иднината и на Србија и на Косово е во Европа, во нивниот европски идентитет, во нивниот европски дом, во правењето реформи за да станат дел од европската иднина. И тоа е она што ние ке го признаваме и ќе продолжиме да го истакнуваме. Косовското раководство демонстрира голема способност во обезбедување на таква иднина.“

изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс по средбата со Претседателот и Премиерот на Косово, Фатмир Сеидуи и Хашим Тачи. Рајс ги поздрави напорите на Косовоската влада за одржување на мирот на Косово по прогласувањето независност на 17 Фебруари. Политичките преставници на косовските Албанаци оценуваат дека со средбите на косовското раководство во Вашингтон се отвора пат за нови признанија на Косово како независна држава. Тие ја поздравија подршката на Вашингтон за процесите на Косово и пораката дека треба да се продолжи на патот на изградбата на демократијата и мултиетничноста на Косово.

„Јас верувам дека ако Косово продолжи да гради мултиетничка демократија, да ги штити правата на малцинствата и религиозните слободи дека има светла иднина.“

изјави држевниот секретар Кондолиза Рајс. Политичкиот аналитичар Илир Дуголи вели дека подршката на лидерите на најголемата светска сила е сигнал за охрабрување на напорите за развој на Косова но исто така и и порака за другите земји Косово да се третира како посебен субјект на меѓународното право.
XS
SM
MD
LG