Достапни линкови

Скопје: Дел од македонците од егејскиот дел ќе присуствуваат на собирот во Овчарени


Во рамки на третиот ден од четвртата Светска средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија, денеска, за учесниците е организиран излет во тетовското село Лешок, а многумина дојдени од светот индивидуално ќе ги посетат родните места во Грција. Дел од нив ќе присуствуваат на панаѓурот во село Овчарени, покрај Лерин, каде ќе настапи и ансамблот „Танец“, и каде што секоја година Македонците го одбележуваат Илинден. Инаку вчера грчките погранични служби не им дозволија на неколку македонски новинарски екипи, кои сакале да известуваат од собирот во Овчарени, да влезат во Грција со образложение дека им недостасува акредитација од грчкото министерство за информации.
XS
SM
MD
LG