Достапни линкови

logo-print

Кабул: Барак Обама во посета на Авганистан


Американскиот претседателски кандидат од Демократската партија Барак Обама, кој е во посета на Авганистан денеска оствари средба со претседателот на оваа земја Хамид Карзаи. Тој неодамна упати критики на адреса на Карзаи дека не вложува доволно напори за обнова на земјата. Инаку, Обама се залага за испраќање на дополнителни 10 илјади американски војници во Авганистан. Во меѓувреме агенциите јавуваат дека девет авганистански полицајци биле убиени во воздушен напад изведен ,,по грешка“ од страна на силите на НАТО. Инцидентот се случил во провинцијата Фарах.
XS
SM
MD
LG