Достапни линкови

Техеран: Махмуд Ахмадинеџад ги оцени разговорите во Женева како ,,чекор напред“


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги оцени вчерашните разговори за иранската нуклерна програма во Женева како ,,чекор напред“. Шефот за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана пак, веднаш по разговорите истакна дека тие биле конструктивни, но додаде дека постигнатиот напредок не е доволен. Солана посочи дека меѓународната заедница сеуште чека на одговорот од Иран во врска со понудата од Западот за пакет поттикнувачки мерки, во замена за запирање на процесот за збогатување на ураниум од страна на Техеран. На вчерашните разговори во Женева меѓу западните земји и иранскиот преговарач Саед Џалили, за прв пат присуствуваше и американскиот потсекретар Вилијам Бернс. Џалили и Солана договориле повторни разговори за две недели.
XS
SM
MD
LG