Достапни линкови

Вашингтон: Има сигнали дека србите на Косово ја сваќаат новата реалност, изјави Фатмир Сејдиу


Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу изјави дека постојат сигнали дека србите на Косово ја разбираат новата реалност, и дека се дел од неа, поради што повеќе ќе се ангажираат. Тој во интервју за Гласот на Америка изрази надеж дека Соединетите Држави и ЕУ ќе ,,извршат притисок“ врз политиката на Белград, која како што рече ,,ги тера овие луѓе да бидат неактивни и изолирани„. Сејдиу и премиерот на Косово Хашим Тачи се во посета на Вашингтон, каде утре ќе се сретнат со американскиот претседател Џорџ Буш.
XS
SM
MD
LG