Достапни линкови

logo-print

Павле Воскополус претседател на организацијата на македонците во Грција ,,Виножито“. Македонија да биде пример за толерантна политика, а не со слични аргументи да враќа кон Грција


Г-дине Воскополус познат е ставот на ,,Виножито“ дека како македонско малцинство во Грција сами ќе се борите за своите права, но сега на државно ниво е отворено ова прашање. Колку ова ви помага или ви одмага во борбата за правата во Грција?

За нас принципелно на таков начин дејствуваме, сметаме дека прашањата за повредите на правата на националните малцинства во суштината треба да бидат поставувани на меѓународно ниво. Сметаме дека е поважно и на пониско ниво, само во билатерани односи меѓу државите да се поставуваат овие прашања. Не дека не е корисно од било кој, само сметаме дека на подобар начин може да се поставува ова прашање на меѓународни форуми.

Овде во Македонија често е цитирана вашата изјава, дека македонскиот национализам не би требало да стане одговор на грчкиот. Имате ли чувство дека сега се случува токму тоа?

Неминовно е кога грчкиот национализам на националистички начин напаѓа кон државата Македонија, логично, нормално се зајакнува македонштината дури и на некои по изразени македонски елементи. Ние како ,,Виножито“кога размислуваме и зборуваме како македонци во Грција, и континуирано кога го изразуваме нашиот македонски идентитет и нашите македонски политички идеологии, сметаме дека многу по позитивно ќе тече се, но не со одговор на националистички начин, туку преку биде една поотворена, прогресивна, проевропска, преку отворени политики од сите, дали се граѓани, дали се институции, партии. Значи во ова денешно време, во 21 век, кога гледаме дека Балканските соседи, во поголема глобала, дали Бугарија, Грција, Србија, време е македонштината да биде предводник во Балканот за прогресивни, проевропски, демократски, толерантни, отворени политики што навистина ќе бидат пример и ќе станат пример за сите македонци кои живеаат во Бугарија или Грција. Да се биде позитивен пример, а не директно на некој начин да се одговара со слични аргументи кон грците.

Г-дина Воскополус како според вас би реагирале македонците кои живеат во Грција на евентуално постигнување на компромис меѓу Македонија и Грција и промена на името?

Компромис може да се нарекува, ако Грција од една страна бара некое ново именување и од друга страна самите граѓани во Македонија и властите, да си бараат некое друго име. Значи кога се прави реципроцитет на двете држави, на двата ентитети, е тогаш може да се зборува за компромис. Ова не е компромис, ова е напад кон Република Македонија да се денационализираат во суштина македонските карактерни особини и тоа се форсира од грчката политика, а конкретно се знае зошто, од позиција на сила, Грција е членка на ЕУ и на НАТО, затоа ние со нашите ,,мали“ сили да речам, настојуваме во сите овие европски и светски институции да им откриеме и да им покажеме на нашите пријатели насекаде во светот и во Европа дека оваа политика на Грција е агресивна, националистичка, антиевропска, немирољубива, за да може да одат напред со соседните држави. Пример да ви кажам, зошто не бара грчката држава кога има еден географски регион само што се вика Македонија, добро да речам бил дел од географскиот простор што припаѓа и е дел од грчката држава... ако има некој да речам конфликт, односно конфузија кога името Република Македонија го користи соседната држава, па зарем не треба некој од северниот регион во Грција да си најде решение и да речеме да се нарекува северно-македонска Грција, нека се вика Античка Грција Македонија, нека се вика Грчка Македонија, ако сакаат на таков начин да ги надминат сите овие проблеми. Поради тоа, зад ова е јасно дека стои напад директен на националниот идентитет, што го имаат избрано од порано граѓаните на Македонија и поширокото и така го развиле различно од оној национален идентитет што го имаат граѓаните во Грција.

Побарано е и враќање на имотите на протераните македонци. Познавајќи ја грчката политика очекувате ли некаков исход за ваквото барање?

Е видете, тука уште еднаш да потенцирам, ние имаме и родни наши пријатели, и протерани политички македонци од 1948 година. За нас не е секундарно прашањето за имотите, но прва тема за нас е враќање на грчко државјанство, имотите се веќе друго прашање. Морам да кажам дека повеќе за мене се работи некогаш дури и за индивидуални случаи. Има некои разлики или смирување или соработки дури меѓу роднините, оние македонци што живеат во Грција и оние во Македонија. Мислам дека ова е многу секундарна карактеристика на целиот овој проблем.

Но, Грција и по десет години избегнува да ги исполни основните човекови права. По одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, десет години потоа сеуште одбива да го регистира Домот на македонската култура и деновиве повторно бевте наречени непостоечко прашање. Колку вашата борба за права, која со децении ја водите на меѓународен план, всушност влодува со плод кај тамошните власти?

Видете, континуирано тоа го правиме мирољубиво, до сите европски институции, имаше многу посети од Европскиот совет во одговорните комисии... Овие се институциите пред кои можеме да доставиме поплаки, и на тој начин нашата цел е да ги откриеме континуираната дискриминаторска политика од грчката држава, против сопствените свои граѓани, значи, одбивање на имплментација на одлука на една европска институција како Европскиот суд за човекови права овој суд е орган на советот на Европа. Навистина од една страна има едно страшно лицемери, на пример кога има некои проблеми со грчките граѓани во Турција или Кипар. На пример имаше еден случај со грк од Северен Кипар, на кои не му беа овозможени некои права, значи апсолутно сличен случај со македонците протерани. Е сега замислете кога турската држава беше осудена од Европскиот суд за човекови права, тогаш во Грција беше најголемото прославување во смисла на тоа дека европските институции се многу добри и за жал треба целосно Турција во Северн Кипар да го имплементира. Е сега како е возможно такво лицемерие, за еден ист случај, иста одлука, Грција одбива да имплементира исти одлуки, кога станува збор за македонците молчат. А од друга страна истото се случува и со турските асоцијации во западна Тракија, е сега Турција контитуирано почнаа да ги ,,кудат“ европските институции, но ние сметаме дека со заедничка соработка со мал број луѓе кои не се мнозинство во грчката држава, на некој начин да дадат позитивно мислење за некоја реформа во грчкото општество, за прифаќање на овие прашања, почитување на разноликоста, на идентитетот, почитување на малцинствата, почитување на културите, на јазици итн.итн.
XS
SM
MD
LG