Достапни линкови

Експертите не може да проценат дали постапката се подобрува или во предлогот има заднина


Предлогот за донесување закон за изменување и дополнување на законот за експропријација со предлог закон се најде на дневен ред на денешната седница на Собранието по итна постапка. Откако во владата вчера изјавија дека ваквиот предлог не бил на владина седница. Со новиот предлог закон државата во иднина ќе може да стане владател врз значајни енергетски капацитети. Во текстот на законот стои дека зградите, инсталациите, и линиите за трансмисија на електрична енергија или природен гас кои произведуваат активности од јавен интерес може да бидат одземени. Владиното образложение за ваквата одлука е дека законот ќе овозможи непрекинат и континуиран пренос на гас и струја. Затоа било потребно законот да биде во координација со новиот закон за енергетика чиј измени и дополнувања исто така се на дневен ред на собраниската седница. Професорот Абдулменаф БЕџети во првичната реакција вели дека имало недостатоци во претходното законско решение, но дека за сега не може да одговори за ефетите од новите решенија, поради отсуството на дебата, или расправа за овој закон во академската јавност:

,,Зависи што е целта на законот. Нема расправа, нема дебата, многу е небрзина."

Тој се согласува дека има потреба од одредена промена во делот кој ја прави експропријацијата, а потоа кој располага со земјиштето. Со старото решение, општините до сега беа тие кои располагаа со експропријацијата, што според него претставуваше кочница на развојот:

,,Општината која ја спроведува експропријацијата, во моментот кога завршува со експропријацијата, значи таа треба да најде средства за компензација. Во моментот кога завршува тоа му го пренесува правото на државата Македонија, т.е. влада. Тоа го кочеше развојот во оваа димензија, затоа што општините не беа заинтересирани да вршат експропријација, да трошат свои ресурси, за потоа тој ресурс да биде пренесен на државата. Ако тука е промената, колку што јас го знам проблемот, мислам дека тоа е во ред."

Во овој дел, според Беџети промената е добра, но треба да се види дали таа е политичка или системска и економска.
XS
SM
MD
LG