Достапни линкови

Несоодветно е да се одговара на грчкиот национализам со слични агрументи, вели Павле Васкопулос


Четвртата светска средба на децета бегалци од егејскиот дел на Македонија која се одржува од денеска до 21 јули се совпаѓа со егзодусот од пред 60 години. Отворањето на прашањето во дијалогот со Грција од страна на македонската држава како што велат од здржението незаборав оваа средба ја претвора во политичка за разлика од претходните одржани во 1988, 98 и 2003-та чиј карактер беше хуманитарен.

,,Манифестацијата има и политички карактер, бидејќи државата веќе се вклучи и бара од Грција да го разрешат тој проблем. Се разбира, значи ова не е само хуманитарна, туку и тоа како има политички карактер."

Ѓорѓи Доневски од здружението на Македонците од Егејска Македонија вели дека кај нив постои охрабреност и масовен интерес од страна на нови подносители на барања и описи на имотите кои им се останати во Грција, откако на државно ниво беше поставено прашањето на правата на македонското малцинство Грција во контекст на разговорите за изнаоѓање решение околу спорот за името. Тие се во очекување на резолуцијата кое би ја усвоило македонското собрание која би ги вградила овие барања. Претседателот на политичката партија на македонците во Грција Виножито, Павле Воскопулос од своја страна вели дека прашањето на повредите на малцинските права е покорисно да се поставуваат на меѓунардно ниво.

,,Не дека не е корисно од било кој, само сметаме дека на подобар начин може да се поставува на меѓународни форуми,"

изјави Воскопулос за неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во кое уште и додава дека одговорот со слични аргументи на грчкиот национализам е несоодветен туку дека треба македонштината да биде пример на Балканот за толерантини и проевсропски политики. Од денешниот собир на децата бегалци на кој се очекува да присуствуваат околу 6000 учесници одАвстралика, канада, чепшка, Романија, Унгарија како и гости од македонските организации од Грција, Албанија и Бугарија, ќе биде испратена декларација до меѓународната јавност со барање за остварување на нивните човекови права и слободи. На средбата ќе се обрати претседателот на парламентот Трајко Велјановски.
XS
SM
MD
LG