Достапни линкови

Дали Србија ќе ги обнови прекинатите дипломатски врски со земјите што го признаа Косово


Намаленото ниво на надворешно политичкиот дијалог со меѓународната заедница, судејќи според активностите на новата власт во Србија најверојатно се зголемува. Тоа може да се препознае во честите посети, изминативе денови, на српските преставници со нивните западни колеги.

Иако Акциониот план за Косово, забранува контакти со претставниците на државите кои го признаа Косово, преставници од српската влада неодамна присуствуваа на приемот по повод националниот ден на Франција кај францускиот амбасадор во Белград Жан Франсоа Терал, а во посета на Париз беше и српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ. Овие контакти Јермиќ ги образложи со фактот дека Франција претседава со ЕУ. Иво Висковиќ експерт за меѓународни односи смета дека во актуелните надворешно политички активности на новата власт во Србија може да се препознае одредена промена:

„Сега по прв пат имаме најава дека она што беше пореметно, сепак на некој начин ќе се нормализира. Иако беше очекувано јас искрено очекував дека тоа ќе се случи по септември односно по почетокот на заседанието на Генералното собрание, кога ќе се покажеше дека поголем број од членките на ОН не ја подржуваат независноста на Косово. Ова е битен сигнал и треба да се земе предвид.“

Владата во Србија е сеуште на почетокот од својот ,,приправнички стаж“ па и чекорите, иако целта евроитнеграција на Србија е јасно дефинирана, сепак се претпазливи. Колку време ќе треба да помине за целосна нормализација на односите со клучните партнери, посебно оние од ЕУ? Политикологот Јован Комшиќ смета дека тоа е обврска на новата власт, но оти нема да започне веднаш:

„Поради односите на силите на внатрешно политичката сцена бидејќи е нужно да се завршат работите околу конституирањето на новите органи на власта, очекувам оваа есен, до крајот на годината.“

смета Комшиќ. Во оваа насока може ли да се очекува набрзо на своите работни места да бидат вратени амбасадорите на Србија, кои се повлечени од земјите кои го прзнаа Косово, аналитичарот Висковиќ посочува:

„Ако доволно добро се разбирам во дипломатија, овој сигнал посетата на Франција од страна на нашиот министер за надворешни работи, значи дека веројатно ќе дојде до враќање на амбасадорите барем на оние кои беа во земјите на Европската Унија или во најлош случај во Франција, како земја претседавач. Но не сум убеден дека до целосно враќање на нашите амбасадори ќе дојде пред есенва, односно до заседанието на Генералниото собрание на ОН. Факт е дека тоа можеби не е многу приниципиелно, но односите со државите од ЕУ и со самата Унија, за нас се побитни од многу други односи, па најверојатно нормализирањето на релациите ќе биде тактички направено на тој начин што тоа прво ќе се направи со земјите од ЕУ, па потоа со останатите.“
XS
SM
MD
LG