Достапни линкови

logo-print

Опозицијата и владата со различни гледања на сигналите од Брисел


Владата не смее да го подготви новиот закон за работни односи еднострано туку во соработка со сите страни и не треба да избира со кој синдикат ке соработува порача Известувачот за земјава на Европскиот парламнет Ерик Мајер по денешната средба со преставбиците на Сојузот на синдикатите на Македонија

„Во секој случај многу е лошо кога одлуките на Владата се базираат на одлуката таа да соработува со еден синдикат што неа и одговара.“

Инаку известувачот кој ја неколку дена ја скенира сотојбата во земјва најави и дека Грција може повторно да стави блокада на приемот на Македонија во Европската Унија , како што тоа го направи во НАТО. Уште една порака која што неделава беше испратена од Брисел на адреса на Македонија е Вчерашната на членовите на пост изборната мисија на парламнетарното собрание на советот на Европа кои најавија дека може да предложат враќање на мониторниг мисијата и констартираа дефицит на демократија, владењење на право, човекови парва. Но на истите сигнали власта и опозицијата гледаат различно. Андреј Жерносвки од ЛДП ги поврзува овие две пораки и вели дека ние самите на Грција и дадовме аргумети против нас со лошо организирани избори а со тоа додава ги губиме и пријателите во Унијата кои сега ни испракаат поостри пораки наогајки оправдание за грчкиот став.

„Преименувањето на аеродромот, скулптурите пред владата, покренувањето на прашањето со Егејците, доаѓање на Хунди итн, се чекои популарни дома, но надвор ги дочекуваат како серија намерни потези со кои Македонија сака да се оддалечи од процесот на решавање на името. Јас сум убеден дека додека е оваа гарнитура на власт, ние нема да направиме чекор кон Брисел, туку правиме десет чекори назад.“

Од владеачката ВМРО ДПМНЕ не ја коментираат изјавата на Мајер но за пораките на пост изборната мисија преатеникот Оливер Шамбевски потенцира дека се однесуваат на нерегуларностите во изборниот процес за чии расчистување како што тврди владата преземала се. И сигналот кој што беше испратен вчера вели Шамбевски не е толку лош

„Јас сум оптимист дека Република Македонија нема да се врати во мониторинг фазата во Советот на Европа и сметам дека се што е идентифукувано како проблем се работи на надминување.“
XS
SM
MD
LG