Достапни линкови

Белград: Можно е Србија да ги врати амбасадорите во земјите кои го признаа Косово


Можно е Србија да ги врати своите амбасадори во државите од кои беа отповикани поради признавањето на независноста на Косово, пишува денешен „Њујорк тајмс“. Според српските власти, оваа одлука била поврзана со намерата за обновување на односите со западните држави. Белград ги отповика амбасадорите од Франција, Германија, Италија, Соединетите држави, Британија и други земји во знак на протест против нивното признавање на Косово.
XS
SM
MD
LG