Достапни линкови

Многу од жртвите се млади американци


Секоја година американскиот Стејт Департмент издава извештај за статусот на трговијата со луѓе во светот. Но, неодамна двајца експерти на конференција одржана во Вашингтон изјавија дека ситуацијата со трговија со луѓе е особено проблематична токму во Соединетите држави.

Лаура Ледерер од одделот за трговија со луѓе во американскиот Стејт Департмент, ја отвори конференцијата во Вашингтон со следнава статистика:

,,Трговијата со луѓе е трет по големина глобален криминален проблем, што го надминуваат само трговијата со дрога и оружје. Според некои податоци, индустријата на трговија со луѓе расте и нелегитимниот профит во светот од неа изнесува 32 милијарди долари годишно.”

Но, додека многу од вниманието е свртено кон проблемот со трговија со луѓе низ светот, Ледерер и двајца други учесници на конференцијата го свртеа фокусот за проблемот на трговијата со луѓе во Соединетите Држави. Бредли Мајлс, кој специјализирал во борбата против трговијата со луѓе презентира податоци за тоа како всушност функционира тој бизнис. Додека, Луис Шели, основачот и директор на Центарот за тероризам, транзиционен криминал и корупција зборува за тоа како трговците со луѓе ги заработуваат нивните пари. Според Мајлс, многу е тешко да се дојде до информации за тоа како функционира бизнисот на трговија со луѓе. Тој смета дека програмата за бесплатен телефонски број на Американската агенција за здравство на кој жртвите на трговија со луѓе може да ги пријават своите случаи, многу помогнала.

,,Телефонската линија ни овозможи да добиеме претстава за различните трендови и различните видови на трговија со луѓе во делови од Соединетите Држави.”

вели Мајлс.
Има неколку видови на трговија со луѓе во Соединетите држави. Еден вид е типичен за азиските имигранти, и тие најчесто даваат три типа науслиги: салони за масажа, јавни куќи како легитимен бизнис или така наречени клубови или салони. Според Мајлс сите нудат сексуални услуги и ги штитат своите активности нудејќи услуги само за мал број клиенти. Луис Шели пак презентира податоци според кои поголемиот број од жртвите на сексуална трговија со луѓе во Соединетите држави се американци, и тоа претежно млади луѓе. Според податоците бројката на се движи од 100 до 300 илјади, споредено со бројот на т.н. увезени сексуални работници од Азија, Латинска Америка и поранешните Советски републики чиј број се движи до 17 илјади.
XS
SM
MD
LG