Достапни линкови

Последните чекори на владата и ја подобруваат позицијата на Атина во преговорите


Последните чекори кои ги презема македонската влада во преговорите за името со Атина и овозможуваат на Грција уште подобра позиција на мегународен план-смеатаат дел од домашните аналитичари. Според политиколот Дане Талески Македонија пред европската унија, НАТО и другите странски фактори со ваквиот однос се прикажува како не кооперативна страна

„Грција ова го користи за да каже дека Македонија провоцира, дека се националисти, и она што Грција го добива и може да го искористи е нејзините позиции да бидат повеќе разбрани и оправдани.“

Треба да се бара решение за протераните македонци смета Талески но преку мегународните судови а не на начинот на кој што сега се прави

„Вака со мафтање со прашањето за протераните Македонци пред грчката влада, ми се чини дека само мафтаме со едно мало црвено знаменце пред разгневен бик.“

Атина веке го искористи правото на вето во НАТО алијансата а се најавува сличен исход и при нашите обиди за приближуавање до Европската Унија. Според Талески јужниот сосед нема што повеќе да преземе на меѓународен план бидејки ги блокира нашите државни приоритет односно евроатланските интеграции

„Доколку ескалираат и уште повеќе се влошат односите можеби ќе има потези на билатерален план, повлекување на амбасадорот, влошување на билатералните односи, но на меѓународен план мислам дека не би имало што повеќе од ова да направи.“

Треба да се види дали Атина ке ги блокира нашите обиди за интеграцијата во унијата при почнувањето на преговорите за влез или при зачленувањето смета Аналитичарот Алберт Муслиу:

„Ако ни се случи уште од стартот, јас мислам дека сериозно ќе ги оштети нашите евро интеграциски процеси. Ако се случи подоцна, значи се дава време, да се спуштат тензиите и да се најде решение,“

вели Муслиу и додава дека најголемиот ризик е ако поради нерешниот спор и блокади од Грција се прекинат евроинтрегативните процеси на земјава:

„Тогаш може да очекуваме потреба за редефинирање на целите. Затоа што вие не може да дефинирате цели за кои јасно ви велат дека не може да ги постигнете. Значи, тоа треба да се вметне јасно во програмата. А, ако дојде до тоа сценарио е лошо не само за политичките субјекти во Македонија, туку и за граѓаните.“

И двајцата аналитичари не очекуваат ниту една од страните вклучени во преговорите кои се одвиваат под покровитеслтво на Обединетите нации да побара нивни прекунивање затоа што тоа би било лош политички сигнал.
XS
SM
MD
LG