Достапни линкови

Писмото на Груевски е задоцнето, во незгодно време и за домашна употреба, оценуваат аналитичарите


Прашањата наведени во пимсото на премирот Груевски кое го упати до неговиот грчки колега Карамналис не се нешта за кои може да се избира дали да се преговара или не, туку тие произлегуваат од граганските, европските и демократските норми. Ова е одговорот од македонската влада во врска со реакцијата на властите во Атина дека со отворањето на праашањето за македонското малцинтво се создаваат нови препреки во преговрачкиот процес а обидите за решвањето на спорот се водат во корсокак. По овој најнов равој дел од домашните аналитичари сметаат дека отворањето на ваквите прашања е задоцнето. Незгоден е моментот кога се ставаат на маса вели универзитетската професорка Бињана Ванковска според која овие потези немаат за цел да ги испровоцираат Грците тука се за домашна употреба

„Ми се чини дека владата е свесна дека доколку сака да направи чекор напред во смисла на евро атлантските интеграции ќе мора да направи компромис. Меѓутоа, претходно ја загрева домашната политичка атмосфера со невиден степен на патриотизам или покажување на храброст дека ете, конечно некои прашања кои долго се чувале под тепих, дека конечно храбро се поставени на маса.“

Ванковска смета дека сето ова не може да доведе до прекинување на преговрите кои се водат под покровитеслтво на Обединетоте Нации

„Затоа што верувам дека наскоро и нашата, македонската страна ќе се повлече. Ми се чини дека овде се работи за една игра која е малку задоцнета. Сосема е легитимно кога одите да преговарате за битно прашање да поставувате максималистички позиции и барања во стартот.“

И политичкиот аналитичар Махи Несими со сличен став. Според него реакцијата на Грувески е избрзана

„Бидејќи малку поумерено треба да се води оваа последна фаза на преговорите со која ние првенствено треба да ги гледаме нашите интереси, а наш интерес е членство во НАТО и ЕУ.“

вели Несими и доава дека ова може да ги одолговлечи решавањето на спорот

„Но, во исто време не треба да се заборави и тоа дека можеби и нашите пријатели и тие кои сакаат да не видат во ЕУ, можеби точно од овие причини повеќе ќе се ангажираат и ќе ги притискаат двете страни за да се реши проблемот.“
XS
SM
MD
LG