Достапни линкови

Поцврсти врски со ЕУ, но не и замена за Унијата, сметаат аналитичарите


Хрватска, со влегувањето во Медитеранската унија, добива поцврста врска со Европската унија. Сепак, Медитеранот не треба да биде замена за Унијата. Вакви се првичните коментари на хрватските аналитичари откако Хрватска, заедно со Албанија, Црна Гора и Босна во неделата во Париз беше примена во Медитеранската унија.

Со полноправното членство во таканаречениот Барцелонски процес, односно Унијата за Медитеран, Хрватска добива неколку работи, оценува професорот по меѓународни односи на загрепскиот Факултет за политички науки Радован Вукадиновиќ:

„Една од нив е што Хрватска дефинитивно влегува во медитеранското семејство. Тоа може многу да ни помогне и за нашата конечна цел влегување во Европската унија.“

Наведува Вукадиновиќ, додавајќи дека станува збор за позитивен чекор. Иста е и оценката на аналитичарот Мате Граниќ кој вели дека е добро тоа што Хрватска стана дел од медитеранскиот процес:

„Но, сосема е сигурно дека Медитеранската унија не може никако да ја замени Европската унија. Таа има ограничени можности, бидејќи едноставно внтаре во неа има премногу спротивности во демократските стандарди, почитувањето на човековите права.“

Граниќ не гледа дека Хрватска со ова членство добива некоја посебна погодност на патот кон Европската унија, освен што покажува дека Хрватска не е затворена земја. Потпретседателот на парламнетарниот одбор за надворешна политика Тонино Пицула пак, забележува дека некои немедитерански земји, посебно Германија, не ја поддржуваа идејата на Франција за Медитеранска унија и оти повеќе биле за решавање на сегашната институционална криза во Европската унија по ирското одбивање на Лисабонскиот договор.

„Хрватска тука секако добива можност да зборува за својот медитерански аспект и за она што може да го понуди. Формата е тука, но за успехот на оваа Унија треба да зборуваме кога ќе видиме некои нејзини резултати.“

Хрватските аналитичари потсетуваат дека Медитеранската унија е стар француски проект кој допрва треба да се докажува:

„На крајот на краиштата на познавачите им е јасно дека идејата е уште од оние времиња кога Папандреу зборуваше за една Медитеранска унија која би била некаков пандан на Европската унија. Значи проектот е многу стар.“

Вели професор Радован Вукадиновиќ, наведувајќи дека сега останува да се види колку тие што ја формираа ќе вложат време и средства за таа идеја и да профункционира.

Косовските граѓани од дваесет и први јули ќе можат да добиваат пасоши на Косово, објавија медиумите во Приштина. Пасошите кои се во сина боја и со текст на албански, српски и англиски јазик се изработуваат во Лајпциг и одговараат на сите европски стандарди, соопшти министерството за внатрешни работи на Косово.
XS
SM
MD
LG