Достапни линкови

Париз: Денеска се формира Медитеранската Унија како процес на соработка со ЕУ


Во Париз денеска почнува дводневен самит на кој ќе учествуваат шефови на држави и министри за надворешни работи од 44-ри држави од Европската Унија и медитеранските земји, на кој и официјално ќе биде формирана Медитеранската Унија. Домаќин на самитот е францускиот претседател Никола Саркози, а учесниците ќе разговараат за регионалните конфликти, имиграцијата и животната средина. Европската Унија се надева дека Медитеранската Унија ќе го заживее постоечкиот ,,процес од Барселона“ формиран во 1995-та година, како политички форум за соработка меѓу Унијата и медитеранските земји. Францускиот шеф на дипломатијата Бернард Кушнер истакна дека самитот претставува ,,време за надеж“ за Блискиот Исток, чии лидери учестуваат на заседанието.
XS
SM
MD
LG