Достапни линкови

Картум: Меѓународниот кривичен суд ќе покрене обвинение против претседателот на Судан?


Претседателот на Судан Омар Ал Башир денеска свика итна седница на владата, по информациите дека Меѓународниот кривичен суд подготвува обвинение против него поради воени злосторста во Дарфур, што официјално треба да биде соопштено утре. Министерството за надворешни работи на Судан оцени дека евентуалното обвинение против претседателот Ал Башир ќе предизвика ,,хаос“. Во кризата во Дарфур загинаа 300 илјади лица, а повеќе од два милиони ги напуштија своите домови.
XS
SM
MD
LG