Достапни линкови

Тирана: Македонија и Албанија имаат добри односи, истакна албанскиот претседател Бамир Топи


Претседателот на Албанија Бамир Топи во интервју за агенцијата Бета истакна дека односите меѓу Македонија и Албанија се на добро ниво, за што позитивна улога имаат и албанците кои живеаат во Македонија. На прашањето за можна дестабилизација на Македонија во последните парламентарни избори кои поминаа со бројни инциденти, албанскиот претседател истакнал дека е уверен оти по повторувањето на изборите и формирањето на нова влада, во земјата се развива процес на евроатлантски интеграции и демократизација. Топи исто така додава дека Тирана посакува решавање на долгогодишниот македонско-грчки спор за името, наведувајќи дека Албанија е заинтересирана за добри соседски односи и со двете земји.
XS
SM
MD
LG