Достапни линкови

Владата ќе го троши вишокот пари за изборните ветувања во реоните каде што добила гласови


Вишокот на парите од ребалансот најверојатно ќе се наменат за ветувањата од изборната кампања, односно во реониоте каде владеачките партии освоиле најмногу гласови сметаат дел од експертите.

„Тие се насочени кон одредени целни групи, таму каде што се ветени да се градат нови училишта, ќе добијат каде што гласале за партијата на власт, таму каде што не гласале за партијата на власт нема да добијат. Второ, парите за стечајците, истиот премиер кој две години одбиваше предлог закон за регулирање на нивниот закон отиде на денот на изборите, спротивно на сите законски и морални принципи, им вети дека ќе го реши проблемот и го решава, сега има пари,“

изјави поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини

Според Зоран Ивановски декан на Економскиот факултет при Европскиот Универзитет повикувајки се на светските стандарди распределувањето на пари го подели на три програми и тоа 50 проценти за плати и надоместоци за јавната администрација 30 за тековно работење и одржување и 20 проценти за капитални инвестиции.

„При трошењето на буџетот и расходите потребно е да постои транспарентност во трошењето. Значи, ако владата ги применува принцпите на транспарентност во трошењето и отчет, значи точно кажува што за што е потрошено, тогаш нема проблеми во реализацијата на буџетот.“

Бизнисмените пак велат дека Владата со новиот ребаланс треба повеќе да се осврне на стопанството.

„Сите тие средства се планирани о непроизводни дејности. Она што е во земјоделието е добро. Сметам дека поголем дел требаше да се врати во буџетот, затоа што стопанството ќе ги врати во буџетот,“

посочува бизнисменот Силјан Мицевски

Инаку Владата на Република Македонија го усвои ребалансот на Буџетот за 2008 година во кој предвидените приходи изнесуваат 144 милијарди и 706 милиони денари што е за 12,4 проценти повеќе од првичната проекција на Буџетот за оваа година. Вишокот средства Владата ги насочи во образованието, за ублажување на негативните ефекти од порастот на цените на нафтата, за поттикнување на вработеноста, како и за стечајците.
XS
SM
MD
LG