Достапни линкови

Дали коалиционите партнери се усогласени кога ќе дојдат на дневен ред чувстителните прашања


Програмските определби на владата составена од Коалицијата „За подобра Македонија“ и ДУИ се дефинирани и ќе се испочитува законскиот рок до 12 јули до кога треба да биде соопштен нејзиниот состав, велат во владата. За ова според законската процедура потребно е доставување на предлог составот и програмата во прламентот по што во рок од 15 дена треба да биде закажана седница на која треба да се гласа за избор на новата влада.

На ова претхода дилеми во јавноста околу тоа за кои прашања била постигната согласност меѓу мандатарот Никола Груевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Пред коалицирањето ВМРО-ДМПНЕ предочи дека предулсов за коалицирање е исполнување на програмата „Преродба во 100 чекори“ а ДУИ бараше иполнување на мајскиот договор:

„Согласни сме околу заедничките стратешки интереси, членство на Македонија во ЕУ и НАТО, имаме согласност за целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор, подобро функционирање на системот и администрацијата, треба да се истрае во борбата против корупцијата и организираниот криминал,“

изјави потпретседатлката на ДУИ Теута Арифи во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува во недела.

Во принцип новата влдата има релативно усогласени ставови како треба да се развива Македонија, меѓутоа тоа некако е повеќе на генерално ниво, отколку на ниво на специфични решенија кои треба да се спроведат. Кога ќе дојде до тоа да се решаваат специфичните прашање тогаш ќе видеме дали коалицијата има волја да функционира како усогласена коалиција или ќе дојде до релативно конфронтирани ставови, вели политиколог Жидас Даскаловски

„Во принцип коалицијата делува усогласено, но клучно е кога ќе дојде да се решаваат клучните прашања. На пример, статусот на борците на ОНА. Тие се договориле да го решат во рамките на постојните закони, но и самото решавање ќе биде прашање како ќе се одвива, значи ако се појават разлики во тоа како да се реши ова прашање, на голем тест ќе биде коалицијата.“

За да може полесно да се пребродат евентуалните разлики во однос на решенијата според политиколот Дасклаовски, отворените прашања незвисно дали се работи за меѓуетнички односи или меѓународна политика треба да се анализираат и на експертско ниво, иако станува збор за политички одлуки, оценува Дасакловски, додека Назми Малиќи професор на ФОН вели:

„Сите насоки на оваа коалиција, ако бидат насочени кон приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО не би требало да има проблеми за коалиционата програма.“
XS
SM
MD
LG