Достапни линкови

Скопје: Принцот на Хунзите во Македонија


Висока делегација предводена од принцот Газанфар Али Кан со титула Мир и принцезата Рани Атика од народот Хунзи, кои себеси се сметаат за Македонци и потомци на Александар Македонски, факт кој од колено на колено го пренесуваат 23 века, денеска ќе пристигнат во Македонија. Принципатот на Хунзите во моментов е во состав на Пакистан, некогашна Персија, а местото каде тие живеат, според историските податоци, била најисточната точка на кралството на Александар Македонски. Делегацијата, во која се и сестрата на принцот, но и нивен историчар, веднаш откако ќе пристигне во Македонија ќе биде примена од мандатарот Никола Груевски, а подоцна и од архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и скопскиот градоначалник Трифун Костовски. Во Скопје делегацијата ќе се задржи два дена, а потоа во организација на Македонскиот институт за стратегиски истражувања на чија покана и доаѓа во Македонија, ќе ги посети Охрид, Битола, Прилеп, Лазарополе, Вевчани, Гари... а ќе има можност на Петровден да присуствува и на познатата Галичка свадба.
XS
SM
MD
LG