Достапни линкови

Македонија мора да преземе мерки за промена на трендот, согласни експертите


Во Македонија може да се констатира дека дрогата е влезена во сите пори, особено кокаинот кој во последно време го користат и повозрасните,предупредуваат некои експерти. Тие упатуваат апел до институциите да превземат превентивни и репресивни мерки, бидејки како што велат некои од нив, доколку дрогата продолжи да навлегува со овој брз интензитет, тогаш држава ке има големи проблеми во иднина. Во овој контекст, професорот Стефан Буџаковски објаснува дека на територија на Република Македонија трговијата со дрога сеуште се движи со ист интензитет, односно сеуште неможат да се забележат позитивни резултати во сузбивањето на овој криминал

„Ние не можеме да постигнеме резултати само ако спречиме пратки коишто одат за Европа. Ние мораме да комбинираме со мерки кои ќе значат редуцирање на пазарот во Република Македонија, а со тоа ќе влијаеме и на намалување на бројот на зависниците,“

вели Буџаковски и додава дека Македонија од земја низ која поминувала дрогата, во последно време одредени пратки остануваат и внатре во државава.

„На тоа помага нестабилноста на Македонија во однос на ефикасноста со справувањето со оваа појава или некои сознанија дека тука се преработува или доработува дрогата, па потоа оди на пазарите во Европа.“

За нефункционирањето на институциите кои се занимаваат со борбата против овој вид на криминал говори и невропсихијатарот Михаил Левенски кој е и член на Oрганизацијаta за превенција од цигари, дрога и алкохол. Според него причината,е немањето соработка помеѓу невладиниот сектор со владините институции.

„Има добри институции, но премногу внесуваме поединости од личностите кои функционираат во тие институции, така што колективното заостанува.“

Инаку, во рамките на активностите на Министерството за внатрешни работи насочени кон превенцијата, откривањето и спречувањето на криминалот во областа на наедозволената трговија со дроги во периодот од почетокот на годинава заклучно со крајот на месец мај откриени се 111 кривични дела на недозволена трговија со дрога, а кривично пријавени се 128 сторители, кои пак во текот, на минатата година, во оваа област, активностите на министерството резултираа со зголемување на бројот на откриени кривични дела за 44%, како и на запленетите количини дрога за 32%
XS
SM
MD
LG