Достапни линкови

Објавување на пресудата за случајот Бошковски


Утре попладне претседателот на Кривичниот суд во Хашкиот трибунал ке ја донесе пресудата за поранешниот миниситер за внатрешни работи Љубе Бошковски за случајот поврзан со воениот конфликт во Македонија, откако во изминатата една и пол година судиите ги слушаа аргумните на одбраната и на обвинителството.

Тројца министри од државата ќе бидат во владината делегациаја што ќе го следат изрекувањето на судската пресуда за случајот поврзан со воениот конфликт во Македонија, а во Холанадија заминуваат и најблиските членови на двајацата хашки затвореници, нивни поддржувачи и повеќе новинарски екипи.

„Важно е дека дојде крај на овој процес. Многу е важно каква одлука ќе донесе утре судот. Сите се надеваме дека тоа ќе биде ослободителна одлука. Објавувањето на пресудата ќе биде јавно, директно и на Интернет, нема да оди со одлагање од половина час и добро е да имаме претставници од државата таму и не само од власта, туку ќе има и друга група луѓе поддржувачи,“

изјави Др Слагана Тасева од анти-корупциската комисија, која како претствник на полициската академија беше еден од сведоците на Бошкосвки во Хаг. Пред официјалното соопштување на пресудата во Хашкиот трибунал по наредба на истражен судија од скопскиот кривичен суд повлечена е меѓународната потерница за случајот Раштански лозја, бидејќи предеметот своевремено им бил предаден на хрватските правосудни органи. Таму имаше постапка во која жупнскитот суд во Пула донесе одлука да се врати предметот во Македонија, но Врховен суд наложил истата повторно да се разгледа веројатно додека не се реши предметот со Хаг. Тоа значи дека доколку има ослобдителна пресуда и нема да има нешто што понатму ке го одолговлечи процесот во Хаг, останува атктуелен процесот кој е започната во Хрватска но првниците велат дека сега е важно каква ќе биде пресудата во Хаг.Од содржината на пресудата што се однесува на тоа дали за убиството на седумината жители на скопски Љуботен е утврдена вина кај поранешниот минситер з а внатрешни арботи љубе Бошковски како и кај Јохан Тарчуловски порнешен шеф на обезбедуавњето ан тогашниот претседател на државата Трајковски зависи дали Бошковски ќе биде ослободен од командна одговорност за она што се случувало во август 2001 та. Одбараната тврдеше дека тоа биле припадници на воената формација ОНА, додека обвинителството дека се недолжни цивили. Утрешната пресуда во Хаг ќе претствува дел од затвоарњето на военото поглвје од 2001 та година. Во земјава пак пред македоснките судови треба да бидат отворени четирите хашки предмети кои беа вратени од Хаг назад.
XS
SM
MD
LG