Достапни линкови

Опозицијата обвинува за едноумие, власта смета дека Собранието функционира како што треба


Во итна постапка пратниците вчера изгласаа 17 закони. Опозицијата реагираше на брзината со која се носат законите коментирајќи го како едноумие во сегашнатат состојба во парламентот каде што мнозинството има 83 пратеници а опозицијата 27. За жал Парламентот од осамостојувањето до денсе не успеа да ја освои својата вистинска улога да биде над извршната власт, вели Роза Топузовска Каровска од ЛДП:

„Не само што нема да успее да го заземе местото што му припаѓа на парламентот, туку напротив, очигледна е тенденцијата на приближување кон едноумието и не очекувам дека пратениците од парламентарното мнозинство ќе успеат да се издигнат на висина на задачата, односно да бидат вистински, одговорни пред граѓаните, а не само продолжена рака на владата.“

Ова мислење него делат ператниците од владејачките партии. Власдтко Горчев од ВМРО ДПМНЕ вели дека сегашниот парламент функционира онака како што треба да функционира и како што фукнкционирале многу парламенти од земјите кои во изминативе децении се приближуваа кон ЕУ.

„Јас би рекол фунционира онака како што треба да функционира вистинско Собрание. Коректив, дискусии, размена на мислења, но не со блокади и опструкции.“

Топузовска Каровска вели дека ефикасноста на Папрламентот не треба да се мери со беројот на донесените закони туку со нивниот квалитет до кој би се дошло по една квалитетна дискусија во Собранието.

„Ако е целта да се донесат стотици закони и потоа тие да не бидат функционални, тогаш залудно сме потрошиле време и пари од граѓаните кои ги добиваме како плата.“

Рано е да се даде соодветно мислење од само четиори седници на парламентот кои се одрќани до сега вели Рафиз Алити од ДУИ. Според него без оглед на бројката на пратеницвите кои припаѓаат на опозицијата или на власта обврската на сите осдтанува иста.

„Обврската останува иста и на позицијата и на опозицијата. Да внимаваат и да даваат придонес за донесување квалитетни закони.“
XS
SM
MD
LG