Достапни линкови

Техеран: Иран тестирал ракети со долг и среден дострел


Иран соопшти дека денеска тестирал ракети од долг и среден дострел, вклучувајќи ја и ракетата Шахаб Три која може да погоди цели во Израел и американски бази во регионот. Целта на тестирањето е да покажеме подготвеност да го браниме интегритетот на Иран, изјави командантот на воздушните сили Хосеин Салами. До ова доаѓа во време на зголемена затегнатост во оносите на западните земји со Иран поради неговата нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG