Достапни линкови

Брисел: Потпишани протоколите за приклучување на Хрватска и Албанија во НАТО


Амбасадорите на земјите членки на НАТО денеска во во Брисел ги потпишаа протоколите за приклучување на Хрватска и Албанија кон Алијансата.,, Ова е историско достигнување за двете земји, но и за целата евроатланска заедница,, изјави на церемонијата генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер. Членки на НАТО, како и Албанија и Хрватска, ќе треба да ги ратификуваат договорите за приклучување. Претставници на НАТО се надеваат дека овој процес ќе биде завршен пред самитот во идниот април кога ќе се одбележи Шеесет годишнината на Алијансата. Двете земји поканата за членство во НАТО ја добија на самитот во Букурешт во април годинава.
XS
SM
MD
LG