Достапни линкови

Прашањето со нуклеарната програма на Иран може да се реши по дипломатски пат


Прашањето со нуклеарната програма на Иран може да се реши по дипломатски пат. Ова го изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во ексклузивното интервју за Радио Слободна Европа за вереме на нејзиниот престој во седиштето на нашето радио во Прага. Сепак, таа не ги демантира наводите во некои медиуми дека Вашингтон тајно финансира активности во Иран со цел потикнување немири.

Интервјуото со американскиот државен секретар Кондолиза Рајс за Радио Слободна Европа беше непоредно по изјавите на иранскиот лидер дека Техеран ќе изврши напад врз Израел и врз американските интереси во светот доколку претходно бидат нападнати иранските нуклеарни постројки. Запрашана дали Вашингтон и Тел Авив би можеле да го сторат тоа, Кондолиза Рајс изјави.

„Ние многу силно веруваме и претседателот Буш јасно стави до знаење дека проблемот со Иран, околу неговата нуклеарна технологија, може да биде решен по дипломатски пат. Работиме на тоа.“

Рајс додаде дека клучен проблем е процесот на збогатување ураниум кој доведува до можноста да се произведе нуклерано оружје и затоа тој треба да биде прекинат. Рајс смета дека Иран има право на нуклеарна технологија за цивилни цели и оти меѓународната заедница и понудила помош за да го постигне тоа:

„Не постои причина зошто оваа голема цивилизација, со голема историја и култура да биде изолирана од меѓународната политика. Затоа Соединетите Држави како дел од групата со Германија, Франција, Британија, Русија и Кина, доставија предлог до иранската влада за кој се надеваме дека ќе го прифати.“

Запрашана во врска со наводите на весникот ,,Њујоркер,, дека Соединетите држави дале четиристотини милиони долари за покривање на активности во Иран со цел таму да бидат потикнати немири, американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Вашингтон не сака промена на режимот во Иран, туку позитивна промена во однесувањето на иранската влада.

„Соединетите држави јасно ставија до знаење дека се подготвени за договор со иранскиот режим доколку тој ја смени својата политика. Многу пати сум кажала дека сакам да се состанам со мојот ирански колега за да разговараме за сите прашања. Иран треба само да ја прекине нуклеарната програма. Иранската влада го изолира својот народ од светот.“

Изјави американскиот државен секретар Кондолиза Рајс во екслукзивното интервју дадено за време на нејзината постета на седиштето на Радио Слободна Европа во Прага.
XS
SM
MD
LG