Достапни линкови

Брисел: Албанија и Хрватска ќе потпишат протокол за членство во НАТО


Албанија и Хрватска денеска во Брисел ќе потпишат протокол за членство во НАТО, со што ќе ја отворат вратата за формално влегување, што треба да се случи на самитот на Алијансата идната година.По потпишувањето на протоколот, сите 26 земји-членки на НАТО, како и Албанија и Хрватска, ќе мораат да го ратификуваат договорот за пристапување. Процесот на ратификување обично трае околу една година, а официјалните претставници на НАТО се надеваат дека овој пат ќе можат да бидат побрзи и тоа да го направат пред самитот во април следната година, кога ќе биде одбележана 60-годишнината од Алијансата.
XS
SM
MD
LG