Достапни линкови

Токио: Лидерите на Г8 изразија загриженост за светската економија


Лидерите на Групата 8 индустриски најразвиени земји, на вториот ден од самитот во Јапонија, изразија загриженост за светската економија поради растот на цените на нафтата и храната. Упатен е повик до земјите извознички на нафта да го зголемат производството за да се запре растот на цената. Групата 8 индиректно побара од Кина да ја корегира вредноста на националната валута, јуанот. Во врска со климатските промени, лидерите се договорија, - до 2050-тата година да ја намалат емисијата на штетни гасови за 50 насто.
XS
SM
MD
LG