Достапни линкови

logo-print

Подгорица: Поздравена проевропската влада во Србија


Хрватскиот претседател Стипе Месиќ и црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ ја поздравија проевропската влада во Србија. Двајцата изразија очекување дека институционалната криза во ЕУ ќе биде решена, со што јасно ќе се потврди недвосмислената европска иднина на целиот регион. Претседателот Месиќ денеска ја продолжува посетата на Црна Гора.
XS
SM
MD
LG