Достапни линкови

Прага: Американскиот државен секретар Рајс ќе потпише договор за поставување радар во Чешка


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ќе престојува во Прага, а потоа ќе ги посети Софија и Тбилиси, соопшти Стејт Департментот. Рајс во Прага треба да потпише договор за поставување американски воен радар на чешка територија како дел од антиракетниот штит што треба да биде инсталиран и во Полска. Москва се противи на ваквиот чекор на Вашингтон.
XS
SM
MD
LG