Достапни линкови

Мали: Стотици активисти од светот на Самит на сиромашните


Стотици активисти од светот се собраа во африканската држава Мали на, како што го нарекоа, самитот на сиромашните на кој главно се разговара за проблемите со исхраната и образованието во Африка и како тие да бидат надминати со поголема соработка меѓу сиромашните земји. Овој собир всушност е противтежа на собирот на осумте најразвиени земји во светот што се одржува во Јапонија. Според организаторите, владите на Групата осум се најодговорни за климатските промени и кризата со храната во светот.
XS
SM
MD
LG