Достапни линкови

logo-print

Партиите молчат, меѓународните претставници изразуваат надеж дека реформите ќе продолжат


Без конкретни реакции на договорот за коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ и ПЕИ, меѓународните претставници во земјава ги поддржуваат напорите на новата влада во остварувањето на осумте критериуми кои треба да го забрзаат евроинтегративниот пат на Македонија.

„Се надеваме дека духот на консензус во остварувањето на потребните реформи ќе надвладее,“

е реакцијата на канцеларијата на Европската Унија во земјава.

И од мисијата на ОБСЕ со сличен став.

„Очекуваме плодна соработка со новата влада и се надеваме дека ќе се продолжат реформите кон кои оваа земја се обврза,“

изјави Сали Браутон, портпарол на ОБСЕ.

Партиите молчат. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да зборуваат за очекувањата од новата влада и односот на новиот албански коалиционен партнер во власта.

Проширувањето на парламентарното мнозинство со ДУИ обезбедува бадинтерово мнозинство за следниот мандат и непречено носење на законите од програмата кои треба да обезбедат развој и проспетритет, е ставот на најголемата владејаќка партија.

Ова парламентарно мнозинство обезбедува дво-третинско мнозинство за непречено донесување на законите за кои е потребно дво-третинско мнозинство, изјави деновиве Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ДУИ очекуваат дека договорот за партнерство во владата постигнат меѓу мандатарот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети, ќе го почитуваат и двете страни. Најважно е што оваа коалиција ја сочинуваат легитимните претставници на двете најголеми етнички заедници во земјава, а соработката ќе биде на највисоко ниво, велат од централното претседателство на оваа партија.
Од ДУИ информираат дека неделава разговорите меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат на ниво на работни групи кои треба да ги усогласат деталите околу поделбата на раководните функции од вториот ешалон.

Од Демократската партија на Албанците, партијата која се досега беше традиционален партнер на ВМРО-ДПМНЕ денеска не беа достапни за коментар.

Ниту од Социјалдемократскиот сојуз не добивме реакција за новата владина коалиција.

Според партиски извори договорот меѓу Груевски и Ахмети, предвидува приоритет на владата во идниот период да бидат евроинтеграциите. Прашањето за јазикот и борците на ОНА било договорено да се решат според постоечките закони. ДУИ прифатила спорот за името со Грција да се решава во согласност со ставот на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG