Достапни линкови

Преку подобрување на стандардите до поголем извоз и нови работни места


Пред неколку дена, девет македонски компании од областа на агробизнисот добија грантови од АгБиз програмата на УСАИД.
За дел од компаниите, овие грантови ке им овозможат отворање и на нови работни места.

„Ако ние пораснеме со 100 посто, со вработените ќе пораснеме околу 30 насто.“
„Ако се направи подобра продажба тоа повлекува и вработувања.“
„Грантот не е толку голем за отворање голем број работни места, но ќе се отворат барем три – четири работни места.“


изјавија Виктор Петков, Јордан Трајков и Ристо Енџекчев од компаниите Випро, Попова Кула и Баџо, кои се дел од фирмите кои добија грантови .

Тие исто така додаваат дека овие неповратни средства кои ги доделува АгБиз програмата на фирмите се и за подобрување на конкурентноста на нивните компании и деловен развој.

„Ќе се овозможат воведување нови стандарди во производството.“
„Преку имплементирање на маркетиншка стратегија очекуваме подобрување на извозот.“


Инаку во мај годинава евидентирани се нешто повеке од 351 илјада невработени лица,покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Според овие информации како и до изминатата година,така и во текот на 2008,се забележува тренд на намалување на бројот на невработени лица.Во периодот јануари-мај годинава, бројот на лицата кои не се во работен однос, бележи намалување за 2,4 %, а во однос на месец мај 2007 бележи намалување за 4,8% Според анкетата која ја спроведуваат од агенцијата,од вкупниот број невработени,21,1% се изјасниле дека не бараат работа,туку се пријавуваат само заради остварувањето на правото на здраствено осигурување.
XS
SM
MD
LG