Достапни линкови

Забрана за славење на Ноќта на вештерките и мерки против пирсингот


Руските пратеници соопштија дека имаат план за заштита на младата тинејџерска популација во земјата, кој предвидува воведување на полициски час, или пак забрана за славење на Ноќта на вештерките, како и неколку мерки против пирсингот кој е популарен меѓу младите. Но што е вистински изгубено - младината или голема маса поддржувачи на Кремљ?

Ирина, е тинејџерка од Москва. Има светло обоена коса, облечена е во црна кожена јакна, седи во паркот во центарот на градот со две девојки, пијат пиво и уживаат во топлото летно попладне. Девојките со панкерски изглед, со пирсинг на носот и со мрзоволен поглед, изгледаат како многумина тинејџери насекаде во светот. Но во Москва, тие се цел на новата владина кампања која има за цел, намалување на неморалноста меѓу младите. Ирина е скептична околу оваа кампања:

„Пирсингот на телото и метод за себе искажување. Луѓето имаат право за ,,украсување„ на свето тело доколку сакаат. Да бидам искрена, не разбирам што имаат против тоа властите. Можно е да забранат исто така и одредени фризури или бојадисување на косата.“

Планот кој во јуни беше доставен во руската Дума предвидува пакет мерки и амандмани, кои предвидуваат ,,заштита на моралот меѓу децата“. Вклучувајќи ги и мерките против детскиот алкохолизам и порнографија, со проектот се предвидуваат и строги мерки како на пример воведување на полициски час за излегување за оние деца што се на училишна возраст, како и забрана за тетовирање и пирсинг на телото. Според новите мерки на училиштата ќе им биде забрането да ги прославуваат западните празници како Денот на вештерките или Денот на заљубените, како несоодветени со руската култура. Забранети се и некои субкултурни движења меѓу младите како панк, готското и скинхедс движењата. Наталија Карпович заменик шеф на Комитетот за семејство во Думата вели:

„Земјата излезе од економската криза, но сега ние сме соочени со еден друг вид на криза, духовна и морална криза. Дрогата и други надворешни пречки се инволвираа во оргиналната традиција и култура. Парите ги заменија семејните, духовните вредности, почитувањето на постарата популација, сакањето на својата земја.“

вели Карпович. Овој проект за кој во моментов во руската Дума тече расправа, но кој би можело да биде изгласан на есен, е дел од владината заложба за промоција на патриотизмот и националната гордост. Некои критичари на овој план велат дека тој потсетува на времето на Советската ера, кога децата во училиштата беа индроктинирани со движења спонзорирани од државата како Младите Пионери.
XS
SM
MD
LG