Достапни линкови

logo-print

Брисел: Солана наскоро ќе се сретне со иранскиот преговарач за нуклеарната програма


Еврокомесарот за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана наскоро ќе се сретне со иранскиот преговарач за нуклеарната програма, соопштија претставници на Унијата. Во петокот иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки го испратил до Солана одговорот на Техеран, во врска со понудата од западните земји за економска помош во замена за ограничување на збогатувањето на ураниум од страна на Иран.
XS
SM
MD
LG